„Фени Индустри“ ќе ги исполни еколошките стандарди до април
Според најавите на надлежните, до крајниот рок во април 2014 година, индустрискиот капацитет „Фени Индустри“ ќе ги исполни барањата за задолжителните еколошки стандарди. Денеска во посета на овој објект беше делегација на Министерството за животна средина и просторно планирање, каде се разговараше за мерките кои се преземат во „„Фени Индустри“ за заштита на животната средина.
Пред министерот Абдилаќим Адеми, раководството на компанијата презентираше до каде е спроведен Оперативниот план за усогласување со одребите за добивање на А -Интегрирана дозвола.
Информираа дека 16 од потребните 18 точки од Оперативниот план се реализирани, па оттука во бараниот рок ќе ги исполнат задолжителните еколошки стандарди.
„ Со запазување на еколошките стандарди кои се наш приоритет и со употреба на алтернативни горива кои сметаме дека се иднината на индустријата, не само што придонесуваме за заштита на животната средина и заштеда на минералните ресурси, туку придонесуваме и за намалување на производствените трошоци. Тоа е особено важно во услови на глобална економска криза кога ниската цена на никелот не оптоварува. Но не правиме отстапки во интерес на екологијата“, рече генералниот директор на „Фени“ Константинос Даскалакис.
Од аплицирањето за А-интегрирана дозвола, па досега за екологија компанијата инвестирала вкупно 12 милиони евра, додаде Даскалос кој појасни дека до април ќе треба да се вложат уште 3 милиони евра.
Адеми пак потсети дека „Фени“ е прва компанија која аплицирала за А-интегрирана дозвола во 2005 година и ја добила три години подоцна.
За Владата,смета Даскалос, важни се економијата и отворањето на нови работни места, но мора да се исполнуваат еколошките стандарди.
Слично
