Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фејзи Азири откако доби казна затвор од 15 години: Јовески и Рускоска да ме посетат да им дадам докази

Фејзи Азири откако доби казна затвор од 15 години: Јовески и Рускоска да ме посетат да им дадам докази

Фејзи Азири, кој денеска е осуден на 15 години затвор во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012, заедно со времето поминато во затвор и притвор, ги повика јавните обвинители Љубомир Јовески и Вилма Рускоска да го посетат во неговата ќелија во притворот во Шуто оризари.

- Да дојдат да им приложам докази со име и презиме. Доколку не ме посетат или не ме повикаат за десет дена, доказите ќе ги изнесам пред јавноста и на странските амбасади за да се утврди точно кој е извршител и нарачател, рече Азири.

Покрај Фејзи Азири, Халил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ за тероризам денеска се осудени на казна затвор доживотно во денешната првостепена пресуда од Кривичниот суд за петкратното убиство на Смилковското езеро во 2012. Хаки Азири за помагање е осуден по пет години затвор за секое дело, односно на 9 години, во кое му се смета и времето поминато во притвор, односно затвор. 

Слично

Поврзани вести