Фејзи Азири од затвор на телевизија: Не сакам амнестија за „Монструм“, сакам правда
Фејзи Азири, еден од осудените за помагање во случајот „Монструм“, се појави на телевизија на Алсат ТВ каде што вели дека не сака да биде опфатен со новото законско решение за амнестија изготвено од Министерството за правда, туку да биде ослободен, како што рече, под реални околности.
Хаки Азири и Фејзи Азири, двајцата осудени за помагање во случајот „Монструм“, осомничен како монтиран случај, можат да бидат амнестирани со Законот за амнестија што го изготви Министерството за правда. Ова за ТВ21 го изјави адвокатот на двајцата осудени, Насер Рауфи, кој очекува амнестија бидејќи делото за кое се товарат е само за „помагање“ во предметниот случај, додека од друга страна двајцата осудени веќе отслужиле две третини од казната.
Иако неговото евентуално помилување од предложениот закон за амнестија предизвика многу реакции, Фејзи Азири, осуден на 15 години затвор во случајот „Монструм“, во интервјуто во Алсат изјави дека не сака амнестија, туку расчистување на случајот и правдата.
„Не ме интересира законот за амнестија, не сум побарал и нема да го барам. Не барам амнестија, барам само правда. Не ми е гајле што се случува со тој закон, кој го предложил. Тоа е за затворениците. Тие што се засегнати нека уживаат. Не ме интересира амнестија“, изјави Фејзи Азири, осуден за случајот Монструм.
