Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФЕЈСБУКОТ МОЌНА АЛАТКА, НО И ОПАСНА: Закана и физички напад поради фејсбук статус во Прилеп

ФЕЈСБУКОТ МОЌНА АЛАТКА, НО И ОПАСНА: Закана и физички напад поради фејсбук статус во Прилеп

Ноќеска во 01:00 часот во Полициската станица Прилеп, Б.М.(36) пријавил дека на 08.04.2018 година околу 19:00 часот додека се движел пеш по улицата “Лазо Филипоски“ го пресретнало патничко возило „Југо“, во кое бил И.Р. (37) заедно со уште едно лице.

Тие излегле од колата по што следувале закани поради фејсбук статус што тој го напишал. Потоа тие физички го нападнале.

Б.М. успеал да избега и влегол во една од куќите во близина. По него во куќата влегле и двете лица и продолжиле да го удираат, а И.Р. му побарал пари, му го одзел пасошот и му рекол да извади се од џебовите.

Сопственичката на куќата рекла дека ќе повика полиција и во тој момент напаѓачите си заминале.

Истрага е во тек.


Слично

Поврзани вести