Фејсбук проби 100 милијарди долари
Вредноста на тргување на американската социјална мрежа Фејсбук на берзата NASDAQ надмина 100 милијарди долари.
Акциите на Фејсбук во текот на тргувањето во понеделникот пораснаа за 2,4 отсто во однос на вредноста на отворањето, на 41,52 долари по акција. Капитализацијата на оваа социјална мрежа достигна 101,11 милијарди долари.
На заклучувањето на вчерашното тргување, акциите на Фејсбук се продаваа по 40,55 долари по акција, а капитализацијата беше 98,75 милијарди долари.
Како што беше објавено претходно, во мај 2012 година, во текот на иницијалната јавна понуда, (IPO) акциите на Фејсбук беа продавани по цена од 38 долари, а нивниот вкупен обем беше 16 милијарди долари, додека, пак, цената на тргувањето беше 104 милијарди долари.
Слично
