ФЕЈСБУК „ГОРИ“: Измамени деца кои сакале да заработат
Србинка сподели искуство на Фејсбук за нејзините деца кои се измамени откако сакале да заработат со берба на малини, по што имаше бројни реакции.
Им била ветена фиксна дневница и оброк, по што се нафатиле да работат.
По неколку дена им рекол да не доаѓаат веќе, а откако прашале за пари, газдата рекол дека нема пари и дека ќе ги исплати за неколку дена и не по ден, туку по килограм, спротивно од она за што биле договорени.
Тој не ги мерел малините пред нив и тие не знаеле колку набрале.
Оттогаш поминале три седмици, но од парите ни трага ни глас, а газдата не се јавувал на телефон.
Го пријавиле случајот во полиција, но газдата кажал дека нема пари, односно од плаќање засега нема ништо.
Мајката пишува дека ова е класична измама.
