Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФЕД СЕПАК ПОВТОРНО ЈА НАМАЛИ КАМАТНАТА СТАПКА: може ли победата на Трамп да ја промени монетарната политика на САД?

ФЕД СЕПАК ПОВТОРНО ЈА НАМАЛИ КАМАТНАТА СТАПКА: може ли победата на Трамп да ја промени монетарната политика на САД?

Федералните резерви на САД ја намалија основната каматна стапка вторпат по ред, но економските политики предложени од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го доведуваат во прашање понатамошниот пат на каматните стапки следната година, според некои економисти.

На крајот од дводневниот состанок на Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC), американската централна банка објави дека ја намалила каматната стапка за 25 базични поени, на опсег од 4,5 до 4,75 отсто, што е најниско ниво од Март 2023. Си-Ен-Ен.

Да потсетиме, во септември, за прв пат од март 2020 година, ФЕД ја намали каматната стапка за 50 базични поени.

Економистите и инвеститорите денеска очекуваа намалување од 0,25 отсто.

Иако оваа одлука на Федералните резерви не е изненадување, економистите од големите банки забележуваат дека изборите воведоа дополнителна неизвесност, што може да го забави понатамошното темпо на намалување на каматните стапки.

Слично

Поврзани вести