Фазлиу ќе зборува со Мерко за луксузирањата
Министерот најави дека ќе го посети градоначалникот за да разговараат за спорната обнова на возниот парк, иако општината е една од најзадолжените во Македонија.
„Планирам да одам во Струга да разговарам директно со градоначалникот, да се информирам за оваа ситуација и да ги разгледам можностите за поправка на оваа грешка, ако може да се нарече грешка“ – рече Фазлиу.
„Ако постои одговорност во Струга, граѓаните треба да бараат преку нивните претставници во Советот. Тој буџет и таа набавка поминале во Советот каде гласало мнозинството изгласа. Доколку приметиле недолично однесување, советниците можеле да ја стопираат. Друг механизам не постои. Барам од градоначалниците да бидат поодговорени, се работи за сите општини кои се во долгови. Ние сме им пружиле рака за да излезат од тешата ситуација, затоа тие треба средствата одговорно да ги користат, инаку ќе се остави впечаток на злоупотреба. Барам одговорност и транспарентност од нив“ – тврди Фазлиу.
