Фатон Сељами е предлог за нов Народен правобранител
Фатон Сељами, раководител на Подрачно одделение на Министерството за правда во Тетово, во секторот за бесплатна правна помош и политички систем е утврден како предлог за нов народен правобранител на денешната седницата на Комисијата за извори и именување.
Сељами беше предложен од страна на пратеникот Беким Ќоку од Вреди.
Тој е дипломиран правник, магистер по правни науки на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, а има положено и правосуден и нотарски испит.
За избор на Народен правобранител, потребни се 61 глас „за“ во Собранието, но и бадинтерово мнозинство, односно 20 гласови „за“ од вкупно 39 пратеници од етничките заедници
На огласот за нов Народен правобранител се јавија вкупно 17 кандидати.
Слично
