Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фатон Асани: Ако СДСМ одбере погрешен лидер, оди во историјата

Фатон Асани: Ако СДСМ одбере погрешен лидер, оди во историјата

Фатон Асани, поранешниот функционер на СДСМ и директор на Агенцијата за управување со одземен имот, искоментира дека неговата партија „ќе оди во историја“, доколку не го одбере вистинскиот лидер.
Социјалдемократскиот сојуз закажа избори за партиски претседател и раководство на 30 јуни. 
„Другари и другарки мои од СДСМ !!! Прво сите на БАЖДАРЕНА вага …

Па да измериме килажа,па трудот ваш и делата за партијата на виделина,па кој сте по мајка и татко дури и дедо и баба по можност,па кој број на чевли,па крвна група,па историјат односно биографија ,па после кандидат,па најпосле ПРЕТСЕДАТЕЛ ….полекичка многу брзате !!!!

Според мене ова се проверки и карактеристики кои треба да ги исполни позитивно секој кандидат кој сака да биде претседател на СДСМ,со избирање на невистинската личност СДСМ овојпат оди во историја бидејќи господ кај комунисти не помагал .. СДСМ нема право на грешка!!!!“, објави Асани на Фејсбук.
Актуелниот претседател Димитар Ковачевски вчера пред состанокот на СДСМ рече дека нема да се кандидра за лидер. 
Како можни кандидати се споменуваат Јован Деспотовски, Славјанка Петровска, Стефан Богоев и уште неколку други.

Слично

Поврзани вести