Фатмир Етеми: Ќе продолжам да градам кај „Мајчин дом“ или ќе тужам за милионски загуби
Фатмир Етеми, инвеститотрот на деветкатницата што предизвика револт во Јане Сандански, истакна дека ќе продолжи да ја гради зградата, иако од локалната самоуправа на Аеродорм има најави дека ќе биде забранета и ќе му се вратат парите на претприемачот за купеното земјиште, комуналиите и проектот.
Сепак, поранешниот пратеник на ДУИ, смета дека во прашање се големи загуби како опортунитетен трошок кој ги трпи, односно загуба во профит по големиот влог во инвестицијата.
Тој за !ТВ ги демантираше тврдењата дека зградата нема да се гради, упатувајќи на правосилното одобрение за градба издадени од општината, со кое му се гарантира правото да продолжи со изградба на проектот.
„Деталниот урбанистички план е донесен од минатите власти, а јас сум ги добил сите дозволи и сум ги платил сите комуналии и давачки кон општината и не може да ми се забрани уставно загарнтираното право да управувам со мојот имот“ – вели Етеми за 1ТВ.
Градежните активности се уште се во мирување, откако општина Аеродром донесе привремена забрана за градба од 15 дена по бурните протести.
„Со платените комуналии жителите ќе имаат дополнителен бенефит, а општината доби средства кои можат да се искористат за подобрување на животот во Аеродром“ – додава Етеми.
Спорниот урбанистички план е донесен во времекога градоначалник е Ивица Коневски.
