Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фатмир Дехари ќе трча за уште еден мандат во Кичево

Фатмир Дехари ќе трча за уште еден мандат во Кичево

Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево по седница на Централното претседателство ги објави имиња на кандидати за неколку општини со кои ќе учествува на локалните избори во октомври.

Партијата ќе го кандидира Фатмир Дехари за уште еден градоначалнички мандат во Кичево. 

За уште еден мандат довербата од граѓаните на Општина Липково ќе ја бара и Еркан Арифи. Кандидат за градоначалник на Општина Чашка е Суат Шаќири, за Општина Студеничани е Ејуп Абази.

Централното претседателство на ДУИ одлучило да ја поддржи независната кандидатура за градоначалник на Општина Брвеница на Енвер Пајазити.

Во Општина Дебар, носител на листата на советниците ќе биде Артин Спахиу, актуелен претседател на огранокот на ДУИ во Дебар. Во Општина Сарај, носител на листата ќе биде Илjаз Весели, актуелен в.д. градоначалник на Општина Сарај. Во Општина Врапчиште носител на советничката листа ќе биде Евзал Арслани.

Слично

Поврзани вести