Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фатмир Бесими нов министер за финансии?

Фатмир Бесими нов министер за финансии?

Фатмир Бесими висок партиски член на ДУИ ќе биде новиот министер за финансии, брифираат извори на Фактор. Бесими ќе седне на местото на досегашната министерка Нина Ангеловска откако по поделбата на ресорите меѓу СДСМ и ДУИ, било договорено ова министерство да му припадне на албанскиот коалиционен партнер.Овие информации се наши и не се уште потврдени.

Според наши информации кои веќе ги објавивме, договорено е Министерството за внатрешни работи да остане кај СДСМ, а финансии, надворешни работи и администрација да одат кај ДУИ.

Фатмир Бесими и е познат на македонската јавност. Тој беше министер за економија во два наврати, односно од декември 2004 до јули 2006 година во Владата во која премиер беше Владо Бучковски односно беше раководена од СДСМ. Потоа од 2008 до 2011 исто така беше министер за економија во Владата на Никола Груевски.

Од 2011 година до февруари 2013 беше министер за одбрана исто така во влада во која претседател беше Никола Груевски.Три години подоцна односно до 2016 година беше вицепремиер за евроинтеграции. Неговото име се споменуваше како можен кандидат за гувернер на Народната банка.

    

Слично

Поврзани вести