Фатиме Фетаи стана доктор на науки
Јавната обвинителка Фатиме Фетаи објави дека станала доктор на науки, откако го одбрани докторскиот труд на тема „Главна расправа во практиката – предизвици и дилеми“ на правниот факултет „Јустинијан Први“.
Освен нејзиното потесно семејство и пријателите, присутни на одбраната биле десетици колеги – судии, обвинители, адвокати. Со одбраната, Фетаи го доби највиското академско звање – доктор на науки.
Фетаи сега е член Вишото обвинителство-Скопје, а претходно беше дел од Специјалното јавно обвинителство во тимот на Катица Јанева.
Слично
