Претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски рече дека вкупно 14 јавни обвинители се пријавиле на огласот и конкурирале за изборот, а со проверката е утврдено дека сите имаат непрекинат работен стаж од најмалку 4 години и сите се со позитивна оценка.
Обвинителката Лиле Стефанова за прв пат е избрана за обвинител во ОЈО Радовиш од каде работела од 2004 до 2010. По ова до 2015 е обвинител во ОЈО ГОК, а потоа од 2015 до 2019 е избрана за обвинител во СЈО. Таа има работен стаж како обвинител од 16 години и е оценета со највисоката оценка, односно со 25 поени. За овбинител во ОЈО ГОК, Стефанова декес е избрана за вкупно 10 гласа „за“ и само 1 глас против.
Инаку, Фатиме Фетаи ќе биде виш јавен обвинител, и за неа гласале девет членови од Советот на јавни обвинители.
