Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фатиме Фетаи: Јанкулоска да не го напушта Скопје

Фатиме Фетаи: Јанкулоска да не го напушта Скопје

По изрекувањето на пресудата за случајот „Тенк“ со која поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска доби 6 години затвор, обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи побара Јанкулоска да не го напушта живеалиштето, односно Скопје. 

Фетаи рече дека според висината на казната има основа СЈО да бара и мерка притвор, но со оглед на семејната ситуација, односно фактот што има бебе кое не е виновно за постапките на родителот, побара судот да ѝ изрече на Јанкулоска забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште.

Јанкулоска денеска не присуствуваше во кривичниот суд за време на објавувањето на првостепената пресуда, а истовремено беше на рочиште по предметот „Тврдина“.

Одбраната на Јанкулоска кажа дека предлогот на СЈО за дополнителни мерки на претпазливост е неоснован и нема причини судот да прифати уште една мерка, бидејќи нема опасност од бегство.



Слично

Поврзани вести