ФАТЕНО ВОЗИЛО СО ПАРИ И ЛИСТА ЗА ПОТКУП, ПРИТИСОЦИ, ТЕЛЕФОНСКИ ВЛИЈАНИЈА: Што нотирало обвинителството за време на изборите
Се испитуваат наводи за поткуп на гласачи во Чашка и Крива Паланка, соопшти обвинителот Џељаљ Бајрами.
„ОЈО Куманово постапува за проверка на два издвоени случаи за телефонски влијанија на гласачи во Куманово и Кратово. ОЈО Скопје, известено од страна на МВР за две задржани лица во Чаир, кои одбивале да се легитимираат, како и за две фотографирања на гласачко ливче во Гази Баба, што истото е прекршок, а не кривично дело. Во Битола, по наводи за поткуп за избори постапува ОЈО Прилеп за настан во Крушево и ОЈО Охрид за настан во Охрид, при што едно возило е запрено, зошто имало индиции за лица кои вршеле поткуп при гласање. Истото возило е запрено, во возилото се најдени 30 банкноти од по 2 илјади денари и список со имиња“, рече Бајрами.
На подрачјето на Штип нема примено писмени пријави, но по усно известување за наводен поткуп, постапува ОЈО Свети Николе, додека ОЈО Штип и ОЈО Кочани постапувале по наводи за поткуп и притисок, но тие се проверени и не се потврдени.
ОЈО Тетово и ОЈО Кичево, по објавени информации оформиле предмети и испитуваат евентуално прекршување на изборниот молк во Кичево и Желино. ОЈО Кичево постапува и по нерегуларности при гласањето на болно и изнемоштено лице. Има и пријава против непознат сторител за фотографирање на гласачкото ливче кое се појавило и на социјалните мрежи.
Слично
