Фатени тројца затвореници за сквернавење на гробот на 17-годишната Јелена од Куманово
Вчера доцна попладнекумановската полиција го уапсила триесетгодшниот Д.П.од Куманово за сквернавење на гробот на 17-годишната Јелена, која минатата година загина во сообраќајна несреќа во Илинден, а нејзиното семејство покрена кампања за возење во сообраќајот без конзумирање на алкохол.
Д.П заедно со уште две осудени лица кои биле пуштени на викенд, извршиле сквернавење на гроб во градските гробишта.
Кумановската полиција во соработка со обвинителството вчера на државниот празник имала морбидна задача да изврши увид на прекопан гроб во кумановските гробишта. Според извор од истрагата станува збор за вечно почивалиште на девојка која на 17-годишна возраст загинала во сообраќајна несреќа во јануари 2020-тата година во скопски Илинден, јави Телма.
Гробното место било ископано целосно и многу длабоко, ни потврдија извори од истрагата. Од полицијата само кратко одговорија.
-На 11.10.2021 година во 12.09 часот во СВР Куманово С.П. од Куманово пријавила дека на градските гробишта во Куманово било извршено сквернавење на гроб.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, ни одговорија од МВР.
Загинатата девојка беше дел од кампањата „Спаси нечиј живот“, а билборд со нејзина фотографија и порака „Возев пијан и дрогиран… ја убив Јелена“ го имаше на повеќе места во родното Куманово, но и во Скопје пред комплексот судови.
Токму во скопскиот кривичен суд се одвива судењето против млад кумановец, кој е е обвинет за предизвикување на сообраќајната несреќа во која загина девојката. Случајот, имаше и продолжение кога таткото на загинатата девојка беше приведен во кумановската полиција поради сомнеж дека со пиштол им се заканувал на неколку лица, кои им понудил пари да го убијат човекот кого го смета за одговорен за смртта на Јелена.
