Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фатени шверцери на мигранти - Во ауди пренесувале 7 сиријци

Фатени шверцери на мигранти - Во ауди пренесувале 7 сиријци

Граничната полиција откри шверцери на мигранти кои се пронајдени вчера околу осум часот во село Бориево, општина Босилово, во патничко возило „аудио“ со скопски регистарски таблици, а управувано од 20 годишен скопјанец и како совозач било 22 годишно лице од штипското село Радање.

- Во возилото биле затекнати седум лица-мигранти од Сирија. Возачот и совозачот се приведени, против истите е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по што од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена. Лицата се предадени во КПУ-Затвор Скопје, велат од Министерството за внатрешни работи.


Слично

Поврзани вести