Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАТЕНИ „МОРТУС“ ПИЈАНИ ВОЗАЧИ - нивото на алкохол во крвата достигнува скоро, а кај еден и надминува три промили

ФАТЕНИ „МОРТУС“ ПИЈАНИ ВОЗАЧИ - нивото на алкохол во крвата достигнува скоро, а кај еден и надминува три промили

Лишени од слобода осум возачи во Куманово, Кичево, Кавадарци, Велес и Валандово, кои управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената. Давјца од уапсените предизвикале сообраќајни незгоди, соопштува Министерството за внатрешни работи. 

Во текот на вчерашниот ден во 09:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Р.(45) од с.Ропаљце, општина Ликово. При сообраќајна контрола на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, констатирано е дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки со брзина од 157 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

- На 27.12.2025.во 03:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.Д.(37) од с.Другово, кичевско. При сообраќајна контрола на ул.„Арсо Војвода“ во Кичево е сопрено патничко возило „хонда“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,79 промили алкохол во крвта - се посочува во извештајот. 

За третиот случај, кој е регистиран денеска, во раните утрински часови, или поточно во 03:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.М.(23) од с.Ваташа, кавадаречко. При сообраќајна контрола на ул.„7 Септември“ во Кавадарци е сопрено патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,77 промили алкохол во крвта.
- На 27.12.2025 во 02:16 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Ц.(47) од Куманово. При сообраќајна контрола на ул.„Народна револуција“ во Куманово е сопрено патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,82 промили алкохол во крвта - се посочува во соопштението. 
Во друг случај исто така регистиран денеска во раните часови, поточно во 02:10 часот на автопатот А1 , на клучка Каласлари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода З.Д.(42) од с.Долно Каласлари. При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,57 промили алкохол во крвта.

- На 26.12.2025 во 22:34 часот во Валандово, полициски службеници од ОВР Валандово го лишија од слобода Н.С.(68) од Скопје. При сообраќајна контрола на ул.„Вардарска“ во Валандово е сопрено патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,62 промили алкохол во крвта - укажуваат од МВР

Во настан кој се случил нНа 26.12.2025 во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Ј.(59) од село Раштани, велешко. Претходно, на улица „Раштански пат“ во Велес, управувајќи мопед „томос“ без регистарски ознаки, тој изгубил конотрола и паднал на коловозот. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека М.Ј. го управувал возило под дејство на алкохол, односно дека има 2,87 промили алкохол во крвта.

На 26.12.2025 во 21:50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Б.Н.(27) од Чашка. Претходно, на регионалниот пат Велес - село Извор, тој со патничко возило „бмв“ со штипски регистартски ознаки, кое го управувал, излетал надвор од патот. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека Б.Н. го управувал возило под дејство на алкохол, односно дека има 3,01 промили алкохол во крвта - укажуваат од МВР.

По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.



Слично

Поврзани вести