Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фатени мигранти на Богородица

Фатени мигранти на Богородица

На граничниот  премин Богородица, царинските службеници во соработка со МВР спречија обид за нелегален влез на 13 илегални мигранти.

На граничниот премин Богородица, за влез во државата се пријавил празен бугарски камион, управуван од грчки државјанин, кој бил селектиран за детален преглед поради тоа што царинските службеници забележале дека и влекачот и приколката биле регистрирани неколку дена претходно. При контролата, во предниот дел на приколката, под церадата, биле забележани вертикални метални држачи, кои од внатрешната страна не се гледале. Откако била отстранета церадата бил откриен специјално конструиран простор во кој биле пронајдени илегалните мигранти, сите од машки пол, кои не поседувале документи за идентификација.

Лицата и возилото се предадени на полициската служба од граничниот премин за понатамошна постапка. 

Слично

Поврзани вести