ФАТЕНИ КРАДЦИТЕ НА КОМПЈУТЕРИТЕ ОД „ДОНИРАЈ КОМПЈУТЕР“: Стаменов се пофали на Фејсбук-„скоро сѐ е тука“
Откако пред неколку недели, иницијаторот на групата „Донирај компјутер“, Борче Стаменов, која се занимава со донации на компјутери на социјално загрозени семејства, објави дека биле ограбени нивите простории и од нив биле украдени лаптоп компјутери, вчера, Стаменов на својот фејсбук профил се пофали дека конечно се откриени сторителите и вратени украдените компјутери.
„Па скоро се е тука. Благодариме на МВР Кавадарци за брзата реакција и пронаоѓањето на сторителите“, напиша тој.
ФОТО:Фејсбук/Борче Стаменов
Слично
