Фатен тетовец кој бил баран за одлежување затворска казна
Полицијата уапсила тетовец и го спровела во затворот во Тетово, каде треба да одлежи затворска казна за кражби.
„На 31.10.2025 во 11:00 часот на ул.,,Преспанска" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Љ.(39) од Тетово, кој бил баран со судска наредба за издржување на казна затвор од една година за сторени повеќе кривични дела „кражба" и „тешка кражба", соопшти полицијата.
Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Слично
