ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАТЕН НА ЛИЦЕ-МЕСТО: Жител на Огњанци предизвикал пожар на депонија

ФАТЕН НА ЛИЦЕ-МЕСТО: Жител на Огњанци предизвикал пожар на депонија

Жител на Огњанци предизвикал пожар на депонија. 

Полицијата соопшти дека денеска во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го затекнале 61-годишниот А.Ф. од селото Огњанци како подметнува пожар на сува трева и ѓубриште во близина на старата депонија во селото.

„Пожарот е изгаснат, а лицето А.Ф. е лишено од слобода и спроведено во полициска станица. За случајот е известен надлежен јавен обвинител“, информираат од полицијата. 

И претходно полицијата уапси повеќе лица, меѓу кои и тројца малолетници, странски државјани за подметнување на пожар. 

ad
Слично

Поврзани вести