Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фатен лихвар од гостиварско по бројните закани врз семејството на должникот

Фатен лихвар од гостиварско по бројните закани врз семејството на должникот
МВР поднесе кривична пријава против Ш.М. (35) од с.Добридол поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела изнуда и лихварство.

Пријавениот во повеќе наврати во текот на 2016 година ја искористил тешката материјална состојба на Х.Ј. (40) од с.Добридол и на заем му давал парични средства и други вредносни предмети во износ од 1.500 евра.

Во текот на мај 2017 година од него барал да му врати износ со имотна корист од 3.700 евра.

Пријавениот му упатувал сериозни закани по неговиот и животот на членови на неговото семејството, соопшти полицијата.

Слично

Поврзани вести