Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фатен криминалецот што измами битолски пензионери за 7.000 евра, одреден е притвор

Фатен криминалецот што измами битолски пензионери за 7.000 евра, одреден е притвор

МВР соопшти дека лишен е од слобода маж од ресенско поради измами со лажните лекари и сообраќајни несреќи, одреден му е притвор

ОЈО Битола поднесе кривична пријава против В.П.(40) од ресенско Стење, кој престојувал во Битола и тука ги вршел измамите заедно со уште едно лице кое сеуште не е пронајдено од полицијата.

Уапсениот В.П е истото лице за кое пред два дена беше објавено дека 76-годишна битолчанка и нејзиниот сопруг кај Саат кулата му однеле 7.000 евра,откако претходно тој им се претставил како лекар и им кажал дека се потребни пари за внуката која доживеала сообраќајна несреќа, иако таков настан не се случил.
„Исто така, на 06.02.2026 околу 09.30 часот во близина на Саат кулата во Битола, пријавените довеле во заблуда 76 -годишна битолчанка и нејзиниот сопруг. Второпријавениот се јавил на телефонскиот број на оштетената и се претставил како доктор од охридска болница и рекол дека нејзината внука е тешко повредена и мора да даде пари за да се направи операција. Оштетените, според договореното, отишле кај Саат кулата во Битола и му дале 7000 евра на првопријавениот“, објави МВР.

На 5 февруари тие измамиле и 72-годишна битолчанка така што на нејзиниот мобилен телефон и се јавил второпријавениот и кажал дека нејзината снаа е тешко повредена и дека мора да даде пари и злато за да се направи операција. По кратко време, второпријавениот дошол во домот на пријавителката и таа му дала една златна огрлица и едно златно ланче со привезоци. Со стореното кривично дело пријавените се стекнале со имотна корист од околу 40.000 денари.

„По добиените пријави, од страна на полициски службеници преземени се мерки и активности за расчистување на случаите. Извршени се претреси на повеќе локации кои ги користи провопријавениот, при што пронајдени биле предмети кои потекнуваат од кривичното дело, по што В.П. е лишен од слобода, поднесена е кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. Се преземаат мерки за пронаоѓање и на второпријавеното лице“, соопшти МВР.


Слично

Поврзани вести