Фаталната баналност на Заев
Еден ден, не така далечен ден, Заев ќе биде принуден да се соочи со дилемата дали повеќе болеа жешките шлаканици на опонентите или пак милосрдните ножиња во грб од поддржувачите
Ројалистичката максима на Жак Малет де Пан дека револуцијата ги јаде сопствените деца, денес и овде се отсликува во уште една репризна поука за властодршците дека „ќе им дојдат до глава мангупите од сопствените редови”. Наивни испаѓаат очекувањата дека ова неодминливо проклетство на револуционерниот канибализам ќе нѐ поштеди баш нас, баш овде и баш Зоран Заев. Кој како последен од низата експоненти на клиентелистичкиот популизам, сѐуште самоубедено си мисли дека оние кои го носат врз рамиња и на раце го водат кон тронот на триумфот, а не кон политичката гилотина на поразот. Еден ден, не така далечен ден, Заев ќе биде принуден да се соочи со дилемата дали повеќе болеа жешките шлаканици на опонентите или пак милосрдните ножиња во грб од поддржувачите. Во оваа констатација нема никакво пророштво или мудрост, туку само искуство од неговите претходници и нивните каења и доцни памети за скапата цена на наивноста и арачот на сопствената преценета препреденост во итроманија. Неговото е сепак да си верува во она што посакува, нашето е да се укаже на трулежот во неговиот сопствен двор.
Целата колумна на Арсим Зеколи читајте ја на Дојче Веле, овде.