Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАТАЛНА ЗА СИТЕ ПЕТМИНА: Вака се случила сообраќајката кај Драчево, дете не е жртва

ФАТАЛНА ЗА СИТЕ ПЕТМИНА: Вака се случила сообраќајката кај Драчево, дете не е жртва

Фатална сообраќајна несреќа пред полноќ одекна во Скопје.

Судирот меѓу  возилото „рено 5“ и  товарно возило „мерцедес“ бил кобен за петорицата патници во реното.

Официјално, несреќата која се случи на булеварот „Борис Трајковски“ пред скопската населба Драчево ги однесе во смрт возачот на реното и сопатниците .

Од билтенот на МВР се гледа дека се работи за возачот на реното Ј.Л.(43) и сопатниците С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото на несреќата.

Се спасил возачот на товарното возило кој веднаш бил пренесен во градската болница .

Реното преминало на спротивната лента

Во тешката сообраќајка јавен обвинител констатира дека автомобилот „рено5“ поради непознати причини преминало во спротивната коловозна лента и удрило во камион кој превзувал отпад.

Ударот бил кобен за сите патниците.

Тројца од почнатите се мажи а две се жени.


Слично

Поврзани вести