ФАТАЛНА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ Битола - Прилеп смртна за 38 годишен маж
Вчерашниот ден бил кобен за 38-годишниот З.Р. кој им подлегнал на повредите на лице место откако со возилото излетал од коловозот и се превртело на покривот.
Фаталната несреќа се случила околу 15.50 часот на патниот правец Битола - Прилеп а возилото било марка „Опел вектра“ со прилепски регистарски ознаки .
Итна медицинска помош ја констатирала смртта веднаш по увидот а причината засега не е позната како и што предизвикало возилото да излета од патот.
Вчера, сообраќајна незгода се случи и на автопатот Гостивар- Тетово кога осум лица се здобиле со телесни повреди.
Слично
