Фатален крај за моторциклист од Тетово
Уште една тешка сообраќајна несреќа на македонските патишта со фатални последици. Моторциклист го загубил животот по тешката сообраќајна несреќа што синоќа околу 19 часот се случила на булеварот „Маршал Тито“ во близина на железничкиот надвозник на излез од Тетово.
Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, тетовчанецот Е.А.(26) од засега неутврдени причини ја загубил контролата на моторциклот што го управувал , кој бил без регистарски таблички, по што удрил во заштитната метална ограда.
Од ударот тој се задобил со тешки телесни повреди и веднаш бил однесен во тетовската Клиничка болница, но лекарите само ја констатирале неговата смрт.
Слично
