Економија, финансии, бизнис

Контакт

FAREWELL PARTY НА ДОСЕГАШНИТЕ БОРЦИ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА - од денеска почнува мандатот на новите антикорупционери

FAREWELL PARTY НА ДОСЕГАШНИТЕ БОРЦИ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА - од денеска почнува мандатот на новите антикорупционери

Новите антикорупционери веќе се на своите нови работни места, а од денеска и официјално почнува нивниот мандат.

Досегашните членови, пак, на Антикорупциската комисија, денеска се собраа на своевидна farewell party, каде после пет години мандат, отсега влегуваат во нови животни и професионални предизвици. 

Досегашни борци против корупцијата беа Билјана Ивановска, претседател, потоа Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемши Салаи. 

Државната комисија за спречување на корупција, како што е наведено и на нивната веб страница, применува и иницира примена на законите, поттикнува нормативно и институционално јакнење, креира антикорупциски политики и мерки, промовира меѓуинституционална и меѓународна соработка и развива правна култура. Нејзината главна визија е да се воспостави ефикасен систем за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси.

Новиот состав на ДКСК е составен од претседателката на Комисијата Татјана Димитровска, дипломиран економист од Скопје и вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР) и членовите судијката во Основниот суд Софија Спасова Медарска, двајцата досегашни советници во ДКСК Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет.

Слично

Поврзани вести