Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фамозниот мерцедес од „бомбите“ веќе не е во сопственост на МВР

Фамозниот мерцедес од „бомбите“ веќе не е во сопственост на МВР

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се огласи на Фејсбук каде напиша дека фамозниот мерцедес од „бомбите“ веќе не е во сопственост на МВР.

„Мерцедесот од „бомбите“ веќе не е во сопственост на МВР, од денеска премина во сопственост на Службата за заеднички и општи работи, по што следува постапка за негово отуѓување и негова замена за болничка опрема“ - напиша Спасовски. 

И портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски вечерва на Твитер соопшти дека денеска започнала постапката за отуѓување на мерцедесот од „бомбите“.

Премиерот Зоран Заев на митинзите во предизборната кампања кажа дека дека ќе го вратат мерцедесот на Никола Груевски и со тие пари ќе набават амбулантни возила за клиниките во Македонија.

Слично

Поврзани вести