Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фалсификатор на монети ќе биде екстрадиран од Албанија во Македонија

Фалсификатор на монети ќе биде екстрадиран од Албанија во Македонија

36-годишен македонски државјанин е уапсен од страна на албанската полиција, откако тој бил осуден од судските органи на Македонија на 2 години затвор за фалсификување монети, јавува ТВ21. 

Полицијата, исто така, објави дека 36-годишникот со иницијали Н.С. бил баран и од регионалната полиција во Драч за кражба. Албанските власти додадоа дека во соработка со властите на Северна Македонија, ќе ги спроведат постапките за екстрадиција на 36-годишникот.

„Операцијата со код „Операција 73“ е финализирана. Осуден од судските органи на Северна Македонија на 2 години затвор за фалсификување монети, 36-годишникот е фатен во Тирана и уапсен со цел екстрадиција. Овој граѓанин бил баран и од страна на ДВП Драч за кривично дело „Кражба“. По последователни операции за апсење на граѓани прогласени за меѓународно барани, структурите на Дирекцијата на специјалните оперативни сили при ДЗЛП ја финализираа операцијата со код „Операција 73“, при што граѓанинот Н. С., 36 години, роден во Северна Македонија, е фатен во Тирана и му се ставени лисици. Овој граѓанин е прогласен за меѓународно баран откако Основниот суд во Куманово го осуди на 2 години затвор за кривично дело фалсификување монети“, се наведува во соопштението.


Слично

Поврзани вести