Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАЛИ УШТЕ РАМПА: Огради, легнати полицајци, хоризонтална и вертикална сигнализација, за да се спречат возачите да лудуваат пред ОУ Гоце Делчев

ФАЛИ УШТЕ РАМПА: Огради, легнати полицајци, хоризонтална и вертикална сигнализација, за да се спречат возачите да лудуваат пред ОУ Гоце Делчев

Дека сообраќајните прекршоци ни се секојдневие, говори и фактот што МВР секојдневно казнува стотици граѓани за несовесно возење.

Сепак, некои места тоа не го дозволуваат. Возењето пред градинки и училишта, секогаш треба да е со посебно внимание, бидејќи станува збор за деца, кои сѐ уште не ја знаат безбедноста во сообраќајот.

Токму затоа, градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, вчера, објави дека пред основното училиште ,,Гоце Делчев”, се поставени неколку алатки за спречување на брзото возење.

„Започнаа активностите со кои трајно го решаваме прашањето за безбедноста на граѓаните од Горно Лисиче.

Пред основното училиште „Гоце Делчев” се поставува хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, огради, легнати полицајци, а се воведува и т.н. зона на смирен сообраќај со ограничување на брзината од 30 км/час“, напиша тој на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести