Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ФАЛА МАКЕДОНИЈО“, МУ ЈА ПОСАКУВАМЕ ЦЕЛАТА СРЕЌА НА ОВОЈ СВЕТ - водителот Зоран Фаци Василевски замина на лекување во Турција

„ФАЛА МАКЕДОНИЈО“, МУ ЈА ПОСАКУВАМЕ ЦЕЛАТА СРЕЌА НА ОВОЈ СВЕТ - водителот Зоран Фаци Василевски замина на лекување во Турција

Познатиот македонски водител Зоран Фаци Василевски, замина на лекување во Турција. 

„Фала ти од срце Македонијо, посакајте ми среќа добри мои луѓе“, напиша тој на фејсбук, објавувајќи негова фотографија на скопскиот аеродром од каде ќе патува за Турција.


Како што веќе пишувавме, познатиот македонски водител, Зоран Василевски, кого македонската јавност го знае како Зоки Фаци, се бори со голем тумор на мочниот меур, иако во изминатите три години поминал низ борбата за неговото здравје. Пред три години му бил дијагностициран агресивен вид на канцер кој бил во вид на израсток на ногата, по што му се направени две операции и бил подложен на хемотерапии.

Веста за неговата најнова борба со оваа „зла“ болест, најпрво ја објави колегата Стефан Лазаров кој преку својот поткаст објави повик за донации за уште една операција која чини 15.000 евра.

Лазаров сега ги израдува своите следбеници со нова објава, заблагодарувајќи се до сите за донациите. 

- Здраво луѓе, можам да ве известам и израдувам дека Зоки официјално ќе се лекува во Турција поради вашата помош!

Во моментов ја чека понудата од болницата и колку ќе чини целиот процес за да знаеме на што сме. Можам да ви потврдам дека сме при самиот крај, но најбитно од се е дека веќе нема да се чека и за неколку дена тој оди во Истанбул.. Да сте ми живи и здрави - напиша Лазаров на Фејсбук. 

Слично

Поврзани вести