Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фактор24: Судството под капа на извршната власт - кој е виновен?

Фактор24: Судството под капа на извршната власт - кој е виновен?

Кој е главниот виновник за проблемите во македонското судство, кој ја блокира работата на СЈО, може ли во Македонија да се изведат судски процеси против високи државни функционери без притисоци врз судиите? Овие прашања ги наметнавме во најновото издание на Фактор24.

- Проблемите во судството започнаа кога се формираше новиот Судски совет со што се влијаеше врз независноста и квалитетот на судиите, оваа институција не одговара пред никого и генерира ерозија на правдата, смета Дане Илиев екс претседател на Врховниот суд.

- Тоа што сега се случува во судството, како што е новиот годишен распоред на судии во Основниот суд Скопје 1 ја покажува драматичноста на состојбите, со голем притисок на владејачката структура врз работењето на судиите и обвинителите, потенцира екс министерката за правда Мери Младеновска.

Адвокатот Асмир Алиспаиќ исто така го детектира Судскиот совет како главен генератор на проблемите во македонското судство. 

- Кога се во прашање највисоките државни функционери и политичари тоа е вистинскиот тест за државното правосудсво, смета Воислав Стојановски од Хелсиншкиот комитет.

Целата емисија на Фактор24 која се емитуваше вчера во 22:30 на ТВ 24 погледнете ја во продолжение.

Економско-политичкиот магазин Фактор24 е проект на тимот на веб порталот faktor.mk со Горазд Чомовски, а се реализира во соработка со Телевизија 24. Гледајте не секоја среда од 22:30 часот.

Слично

Поврзани вести