Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фактор24 со Лазар Лазаров: Ова ВМРО е терористичко-коруптивно

Фактор24 со Лазар Лазаров: Ова ВМРО е терористичко-коруптивно

Професорот Лазар Лазаров во гостувањето на Фактор 24 сегашното ВМРО-ДПМНЕ го оцени како терористичко-коруптивно кое го интересира само личните тенедери и бенефиции, а најмалку го интересира економската состојба на народот, слободата и демократијата. 

- Нас ни недостасува внатрепартиска демократија, а посебно однесувањето на лидерите на партиите кои како да се сопственици и на партиите и на државата и на власта и на економија, како да се племенски поглавици.

Чомовски: Дали потесното раководството на ВМРО-ДПМНЕ ја одведе Македонија во меѓународна изолација?

- НАвистина сегашново ВМРО, посебно од 2008-ма наваму ја однесе Македонија во целосна меѓународна изолација на политички, економски, културен и на секаков план. Ако постоеше огромен консензус од 90% поддршка за влез во ЕУ и НАТО, сега таа е значително намалена. Сепак, раководните структури само декларативно сакаат членство, но работат против тоа за да не одговараат пред меѓународниот фактор и да ги почитуваат поставените стандарди, вели Лазаров.

Политичко-економскиот магазин Фактор24 се емитува секоја среда на Телевизија 24 и го изработува тимот на веб сајтот faktor.mk


Слично

Поврзани вести