Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фактор24: Бизнис секторот со јасни барања од новата Влада, ќе се исполнат ли ветувањата?

Фактор24: Бизнис секторот со јасни барања од новата Влада, ќе се исполнат ли ветувањата?

Во новото издание на Фактор24 за економските прашања кои треба да ги решава новата влада разговараат бизнисменот Ристо Гуштеров, Горан Антевски генерален директор на Раде Кончар - ТЕП, бизнисменот Николајчо Николов и Џемаил Даути сопственик на Даути Комерц. 

Бизнис секторот во изминатиот период се погласно ги искажуваше своите проблеми за кои се надева дека слух ќе има идниот премиер Зоран Заев кој создаде обемна економска програма со бројни ветувања, а го назначи и Кочо Анѓушев за вицепремиер во надеж дека ќе се доближи до стопанствениците.

Македонските бизнисмени очекуваат намалување на бирократијата, да се врати владеење на правото, да се подобри сервисирање на долговите кон стопанството, одговорноста на трошењето на буџетските пари и да се подобри односот кон домашните инвеститорите. За вистински економски реформи, зголемување на стандардот на граѓаните, квалитетен економски раст, поголеми плати и намалување на невработеноста ќе треба голема посветеност, смета македонската бизнис заедница.

Во продолжение погледнете го целосното издание на Фактор24, политичко-економскиот магазин кој секоја среда се емитува на Телевизија 24, а е во подготовка на тимот на веб сајтот faktor.mk


Слично

Поврзани вести