Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фактор урива рекорди, посакуваме и вие да немате лимити за успех и убави моменти

Фактор урива рекорди, посакуваме и вие да немате лимити за успех и убави моменти

Среќна нова година! Животот не познава години, не мора да ги броиме. Нека нема граници, но посакуваме да имате цели. Убави цели, кои ќе ги исполнувате. На патот кон нив нека има среќа, многу насмевки, многу убави моменти, успех и здравје. Бидете тоа што сакате да сте, без задршки!

Во континуитет Фактор остава седум успешни години зад себе. Иако поважни ни се целите, за нас вредни се бројките. Ни даваат сила, оти се потврда на релеватноста, на нашата пoсветеност. И во 2019 година Фактор имаше најмногу авторски контент, политички и економски анализи, повеќе од повеќето он лајн медиуми во земјава. На публиката им понуди четива со сериозна аналитичност, ексклузивност и точност.

Во годината што измина Фактор оствари над 19 милиони посети или за 5,5 милиони посети повеќе од лани. Медиумската групација Фактор медиа груп се прошири со уште еден член, Машки Магазин. Фактор.мк, Женскимагазин.мк, Хаштаг.мк и Машкимагазин.мк во 2019 година имаа над 40 милиони посети, над 63 милиони прегледани страни и осум милиони уникатни посети на четирите медиуми.

Во следната година себе си посакуваме уште повеќе текстови, повеќе анализи, заедно да создадеме реалност што ја посакуваме. Да ги исправиме неправдите, да ги пофалиме успешните, да критикуваме кога има потреба. Ние сакаме успешна Македонија, да стане држава во која ќе сакаме да живееме. За тоа дефинитивно ќе се трудиме, очекуваме свесност од креаторите на политиките, од бизнисмените од сите граѓани.

Сакаме економски раст кој сите ќе го почувствуваме, политиката да не му пречи на развојот, судството да ја следи правдата. Не е демагогија, не се празни зборови – тоа се квалитети кои водат до поубав живот.

Имаме шанси, барем колку што има денови. Во поубави моменти во 2020 година, почнуваме сега!


Слично

Поврзани вести