Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Рот е оптимист за спорот со Бугарија, Пендаровски вели дека Радев ја смирува топката

ФАКТОР  НА ДЕНОТ: Рот е оптимист за спорот со Бугарија, Пендаровски вели дека Радев ја смирува топката

РОТ ИМА НАДЕЖ ДЕКА ЌЕ СЕ РЕШИ СПОРОТ СО БУГАРИЈА

Не е исклучена можноста наскоро да се најде решение за спорот со Бугарија. 

Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот вели дека има голема шанса уште во јуни да дојдат до решение за спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија. Тој е оптимист дека процесот ќе успее. Но, треба и да се работи на реформи во земјава. 

„Вие имате такво барање и португалското претседателство со Советот активно работи за такво решение, а ние во сојузната влада во Берлин го поддржуваме тоа онаму каде што можеме. Се надевам дека ќе го имате неопходното трпение бидејќи важни се и реформите, тоа е мојата порака до владата овде“, рече Рот. 

СЕ СРЕТНАА ПЕНДАРОВСКИ И РАДЕВ

Во овој момент сум реалист и умерен оптимист, вели шефот на државата Стево Пендаровски откако во Рим се сретна со својот бугарски колега Румен Радев. 

За обидите за пронаоѓање решение со Бугарија и одблокирање на почетокот на преговори на земјава со ЕУ, кажа дека наредните денови ќе достават предлози, кои ќе се базираат на акционите планови, секторската соработка, кои ги правеле и во ноември и во декември, ги доставувале и до Брисел и до Софија. Вклучена е патна и енергетска инфраструктура, медиумска соработка, културата, образование итн. Нема да има нов договор со Бугарија, а земјава нема никаков проблем со мониторинг од ЕУ. 

„Радев зборува со сосема поинаква реторика од претходниците во бугарската Влада, министерот за одбрана, министерот за надворешни работи и се обидува да ја спушти топката и се обидува со културен речник да се обраќа. Тој се држи до суштинските бугарски барања, не не навредува, и тоа веќе кажува оти се работи за човек кој е сериозен, стабилен и не мисли да ќарува само политички поени со тоа што ќе навредува некој од соседите“, рече Пендаровски.

ВИЦЕ ЗАЕВ ГО ДЕМАНТИРА МИЦКОСКИ

Сѐ што кажа Мицкоски е лага, вели Вице Заев, братот на премиерот, Зоран Заев. 

Христијан Мицкоски е очигледно опседнат со мене, вели Вице Заев, брат на премиерот, кого некои медиуми го поврзаа со лицето Вице Н. кое денеска беше споменато на брифингот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за афера во РЕК „Битола“.

Тој во изјава за „Фокус“ вели дека ништо од кажаното нема врска со реалноста, дека станува збор за лага и измислица.

„Мицкоски очигледно мисли дека со тоа што ќе прави конструкции за мое оцрнување ќе му кажат дека е врвен политичар. Ако има комплекси некој човек, ако е опседнат со мене, не може тоа да биде мој проблем. Нема ништо вистина во ова што го зборува Мицкоски, затоа се крие зад брифинзи, се плаши од тужба. Да имаше бриферот Мицковски некаков доказ ќе го приложеше, ама нема. И самиот вели барале средба, а не се случила“, вели Заев за „Фокус“ коментирајќи ги обвинувањата дека изнудил 250 000 евра од компанија од Битола која добила тендер за ископ на јаглен од РЕК „Битола“.

ДЕНЕС ИМА 46 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.073 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 19, Радовиш – 5, Прилеп и Кичево – по 4, Куманово - 3, Струмица, Битола и Гостивар – по 2, Неготино, Охрид, Струга, Гевгелија и Берово  – по 1.

Регистрирани се 147 оздравени пациенти од:

Скопје – 73, Куманово – 18, Прилеп – 17, Струмица, Штип и Кочани – по 5, Битола и Велес – по 4, Виница – 3, Неготино и Пробиштип – по 2, Радовиш, Гостивар, Тетово, Кавадарци, Ресен, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Кратово – по 1.

Пријавени се вкупно 14 починати лица: 8 лица од Скопје (56г,61г,69г,70г,71г,79г,79г и 85г), по 2 лица од Гостивар (62г и 70г) и Кичево (59г и 83г) и по едно лице од Куманово (84г) и Тетово (60г).

КАЦАРСКА Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УСТАВЕН

Судијката Добрила Кацарска од денеска има нова функција, односно стана претседател на Уставниот суд, јавуваат повеќе медиуми. Кацарска е избрана со тајно гласање при кое шест од деветмината уставни судии гласале за неа.

Досегашниот претседател Сали Мурати ја напушта и претседателската и судската функција во Уставен, бидејќи му завршува деветгодишниот мандат и нема право на реизбор.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата ги укина решенијата за одобрување за одгледување на канабис за медицински цели на двете фирми -  Пхарма ЕУ ЛЛЦ, едната во Прилеп и другата во Битола, вчера на владина седница. 

Во текстилниот сектор просечната возраст на работничките е 48 години, технологијата е застарена и тоа доведува до намалено производство.

Да се мери БДП само за регионот на Источна Македонија, веројатно ќе доведе во заклучок дека рударството е клучната индустриска гранка на која почива посиромашниот дел на државата. И голем дел тој БДП го создале три фирми (поседувани од странци) кои лани заедно направиле профит од речиси 42 милиони евра! 

Законот со кој во иднина приватните клиники ќе  можат да наплаќаат од 40 илјади до максимум 305 илјади денари за лекување на ковид пациентите би можел да се најде уште денеска на дневен ред на пленарната седница во Собранието, брифираат извори од владеачкото мнозинство. Предлог измените на Законот за здравствена заштита го поминале првото читање, а во блиска иднина треба да се стави на гласање.

Истражување на меѓународниот институт, McKinsey, покажа дека за 20 до 25 отсто се зголемува продуктивноста на вработените, доколку тие се подобро поврзани. Еден од начините да се достигне тоа е добрата организација на просторот.

Да се намали стапката на Данокот на додадена вредност (ДДВ) кој граѓаните го плаќаат на испорачаните сметки за струја откако ќе псокапи наесен електричната енергија. 

Мухамед Зекири, генералниот секретар на Владата и неговиот заменик Тахир Хани, како и Марјан Забрчанец, владиниот национален координатор за комуникации и Силвија Митевска и Ѓорѓи Тасев, советниците за спорт, односно за млади и младински политики, на премиерот Зоран Заев, се вклучени во Координативно тело за поддршка на фудбалската репрезентација на Европското првенство во фудбал. 

Слично

Поврзани вести