Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР ПРИКАЗНА ОД САУДИСКА АРАБИЈА: Странците заработуваат и до 10.000 долари

ФАКТОР ПРИКАЗНА ОД САУДИСКА АРАБИЈА: Странците заработуваат и до 10.000 долари

Платите на странците во Саудиска Арабија се движат од 3.000 до 10.000 долари, а најмногу работа има за пилоти, стјуардеси, и тренери, вели Милорад Радовиќ од српскиот град Нови Сад кој пет ипол години е во оваа земја. Својата приказна ја раскажа за „Фактор“. По препорака нашол работа и работи на изградба на пристаниште во земјата. Задоволен е од платата, условите, и во Србија ќе се врати за неколку години.

„Работам на изградба на второто најголемо пристаниште на светот „ King Abdullah Port". Шеф сум на сите геометри и хидрографски оператори. Со платата и условите сум задоволен затоа што за разлика од Европа овде нема никакви притисоци.  Имам и платено сместување и автомобил. Преку агенции овде многу тешко може да се најде работа, туку преку работодавачите кои би ве повикале по потреба. Овде најмногу работат Пакистанци, Индијци,  Египќани, Филипинци и Грци“, вели тој.

За работници од Балканот додава дека ги има многу малку, а и малку инженери се вработени во Саудиска Арабија.

„Јас ќе си одам дома за 4 години, кога ќе наполнам 58 години. Овој проект  трае до 2027 година. Во Нови Сад е тешко да се најде работа, освен ако не работите по бутици, ресторани, подготовка на брза храна“, додава тој.

За Саудиска Арабија вели дека е безбедна земја и дека странците многу ги почитуваат, посебно Европјаните и Американците.

Радовиќ раскажува дека кон крајот на 2015 и почетокот на 2016 година почнала криза, давачките се зголемуваат, а платите во државниот сектор се намалени.

Вели дека до 2030 година треба да се направи „саудизација“, односно 85% од вработените да бидат Саудијци.

Додава дека ќе мора да се направат реформи, да се расчисти со корупцијата, но и да се поттикне вработувањето на жени, кои веќе имаат право да возат автомобил.

„Тоа се одрази на одредени инвеститори, ги сменија своите планови и ги повлекоа парите затоа што овде нема да може да се „лови во матно“- вели Радовиќ. 

Неодамна медиумите пишуваа дека најмоќната арапска економија ќе се соочи и веќе се соочува со одлив на странски работници. Беше наведено дека е земја од каде почнува егзодус на работна сила. Во првите 3 месеци бројот на странци се намалил за 6 проценти.  Тој сега е сведен на 10.2 милиони, што значи дека 700.000 веќе ги напуштиле кралството.

Тоа се работници кои биле ангажирани во градежниот, трговски сектор и производство. Причина се новите давачки за странци.

Сања Атанасовска

Слично

Поврзани вести