Кои се вашите очекувања од новиот претседател Стево Пендаровски?
Стево Пендаровски седна во претседателската фотелја.
Денес е неговиот прв работен ден а го почна со пораки за граѓанско помирување и залекување на отворените рани од скорешното минато.
Преку социјалните мрежи Пендаровски утрово порача дека е време да се залечат отворените рани од скорешното минато и реално да почне граѓанско помирување бидејќи, како што наведува Пендаровски немаме резервна татковина.
„На тој пат сакам да се вложам без остаток, не водејќи сметка за сопствениот политички рејтинг. Сите добронамерни луѓе, политичари и партии што ќе решат да одат по истиот тој пат ќе ја имаат мојата поддршка“, порача утрово Пендаровски преку Фејсбук.
Новиот шеф на државата прва средба во вилата на Водно ќе има со шефот на делегацијата на Европската унија Самуел Жбогар.
Фактор ве прашува: Што очекувате Вие како граѓани од новиот претседател? Пишете ни во коментар под постот на Фејсбук.
