Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фактор плус Адриа: ВМРО - ДПМНЕ со 4.2% води пред СДСМ

Фактор плус Адриа: ВМРО - ДПМНЕ со 4.2% води пред СДСМ

Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 28,1%, а на СДСМ 23,9%, покажуваат резултатите од последното истражување на јавното мислење во Македонија на белградската агенција Фактор плус Адриа.

Трета политичка сила во Македонија, според истражувањето е Коалицијата за промени и правда (Демократски Сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО-Работничка Партија) со 9,1%.

Зад нив се ДУИ, со поддршка од 6,7% и ДПА со 4,7%.

Како неопределени се изјасниле 22,1% од анкетираните граѓани. 

Дека ќе гласаат на изборите одговориле 64%, а  дека  нема да излезат 12%. По ова прашање неодлучни се 15%, а одбиле да одговорат 9%.

Перцепција дека корупцијата во Македонија е зголемена последниве три години има кај дури 54% од анкетираните.

Загриженост и страв во однос на целокупната состојба во општеството чувствуваат 71%, рамнодушни се 50%, а надеж и оптимизам 46%. 

Истражувањето е направено во период од 19 до 26 октомври 2016 година, на репрезентативен примерок од 1082 испитаници.


Слично

Поврзани вести