ФАКТОР ОТКРИВА: Кој стои зад телефонскиот повик за кој сведочи Иванов?
Кој стои зад телефонскиот повик за кој вчера говореше Иванов? Оваа дилема ја расчисти еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ Мане Јаковлески. Тој за Фактор неодамна изкави вели дека во последен момент на лидерот на ДУИ Али Ахмети му се јавил премиерот на Република Албанија Еди Рама. Ова Јаковлески за тв магазинот Фактор 24 го изјави уште на 1 февруари.
Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов вчера само потврди дека во последен момент пропаднал договoрот Груевски Ахмети за формирање на Влада. Албанскиот премиер Еди Рама, на еден час пред прогласувањето на коалицијата ВМРО ДПМНЕ и ДУИ извршил последен телефонски притисок врз лидерот на Интегративците Еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ Мане Јаковлевски на 1-ви февруари во интервју за „Фактор 24“ на ТВ 24 изјави:
„Премиерот на Албанија Еди Рама го спречи формирањето на Влада помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Вечерата кога ДУИ одлучуваше да влезе во Влада со ВМРО ДПМНЕ јас имав луѓе во Мала Речица кои изворно ме информира за состанокот на ДУИ. Дури едно време ми беше најавено дека ДУИ не 100 туку 1000 проценти влегува во коалиција со ВМРО ДПМНЕ . Но во последен момент Еди Рама му се јавува на Али Ахмети и спречува да се формира Влада меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Значи покрај Теута Арифи, Невзат Бејта и други кои беа против продолжување на коалицијата, во последен момент се вмешува и Еди Рама“, рече во интервју за „Фактор 24“ Мане Јаковлевски .
Ѓорге Иванов во интервју за „Винер Цајтунг“ откри дека коалиција ВМРО-ДПМЕ – ДУИ била договорена, но ја растурил само еден телефонски повик пред да биде објавена: Македонскиот претседател речиси со идентичен став како и Мане Јаковлевски.
,, По изборите на 11 декември, јас го сторив она што и јас и моите претходници секогаш сме го правеле, на победникот на изборите му се доделува мандатот за состав на Влада. Но, ВМРО-ДПМНЕ не успеа да коалицира со партиите на македонските Албанци, во предвидениот рок од 20 дена, согласно Уставот.Да бидам попрецизен, коалицијата всушност беше договорена. Но, во последниот час имаше телефонски повик и коалицијата се распадна“ – изјави Ѓорге Иванов, Претседател на РМ за австрискиот весник ,,Винер Цајтунг“. На прашањето „кој бил повикувачот“, Иванов одговара: „Вие сте новинар. Вие можете да го истражите тоа“.
Иванов за австрискиот дневен весник индиректно потврдува дека т.н. тиранска Платформа била усогласена меѓу преговарачите на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се до моментот на истекувањето на мандатарството на Никола Груевски.
