Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фактор од републиката - Како КОВИД-19 влијае на нашата заедница

Фактор од републиката - Како КОВИД-19 влијае на нашата заедница

КОВИД-19 пандемијата силно влијаеше врз нашата заедница, за жал бројот на починати и заразени расте. Но, корона вирусот не е само ударната вест во медиумите. 

Оваа криза со која нашата генерација досега не се соочила, остави многу последици врз секојдневието, ја забави економијата и предизвика бројни проблеми на локално ниво.

Токму затоа Фактор.мк во соработка со мрежа на дописници од цела Македонија ќе им овозможи на тивките херои да ги кажат своите приказни.

Прашањата на солидарност, но и на стигматизација во средината, заложбите за почитување на мерките за физичка дистанца, се едната, позитивната страна на кризата во која несомнено многумина дадоа сопствен придонес. 

За жал и натаму сме сведоци на несериозност во однесувањето кај одредени поединци и групи, некаде во прашања се ситни економски интереси, некаде недоволна информираност, како и тенденциозност кризата да се претстави погрешно и несериозно.

Заедно со нашите дописници ќе ги претставиме сите предизвици со кои се соочуваат граѓаните и заедниците низ републиката.

Горди и благодарни сме што оваа медиумска активност ќе биде подржана и од Google News Initiative Journalism Emergency Relief Fund од каде ја препознаа заложбата на Фактор.мк за квалитетно известување и пренесување на сите важни стории кои ќе прикажат една перспектива која не може често да се види.

Фактор е избран од над 12.000 пристигнати апликации и засега е единствен од Македонија кој доби поддршка од Google News Initiative Journalism Emergency Relief Fund.

Следете во наредниот период, информирајте се за КОВИД-19 кризата и останете безбедни.


Слично

Поврзани вести