Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НЕМА ДА ОБЈАВУВА НИКАКВИ ВИДЕА ПОВРЗАНИ СО СМРТТА НА ФРОСИНА ОД ПРОФЕСИОНАЛНИ И ЕТИЧКИ ПРИЧИНИ: Случајот доволно ја потресе целата јавност

ФАКТОР НЕМА ДА ОБЈАВУВА НИКАКВИ ВИДЕА ПОВРЗАНИ СО СМРТТА НА ФРОСИНА ОД ПРОФЕСИОНАЛНИ И ЕТИЧКИ ПРИЧИНИ: Случајот доволно ја потресе целата јавност

Сестрата на починатата дизајнерка Фросина Кулакова се обрати со јавен апел до медиумите, дека има сознанија оти адвокатот на Васо Јованов, Сашо Дукоски, денес на прес конференција ќе прикаже вознемирувачка видео снимка, направена веднаш по трагедијата. Таа замоли видеото со починатата Фросина, да не се објавува како од страна на медиумите и да не се споделува од страна на јавноста.

Заради сензитивноста на целиот случај, редакцијата на Фактор одлучи дека нема да го објави видеото, пред се заради неговата сензитивност и стресот кој ќе го нанесе на семејството на Фросина, но и на целата македонска јавност.





Слично

Поврзани вести