Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кичеец побарал одложување, а тужбата на Русковска против ВМРО-ДПМНЕ е отфрлена

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кичеец побарал одложување, а тужбата на Русковска против ВМРО-ДПМНЕ е отфрлена

ЗОРАН МИЛЕВСКИ КИЧЕЕЦ ПОБАРАЛ ОДЛОЖУВАЊЕ НА КАЗНАТА

Зоран Милевски Кичеец кој вчера требаше да се појави во затворот во Шутка, пред терминот испратил барање да му се одложи казната, изјавиле од Кривичниот суд за медиумите.

Ова следува откако вчера Кичеец најавуваше дека самиот ќе се пријави и дека нема да бара одложување. Но, и покрај неговата ваква изјава, тој претходно имал испратено барање за одложување на казната до судија за извршување на санкции.

Она што сега се знае како брифинг од Кривичниот суд за Тв 24, е дека судијата Пајазит Пајазити почнал да го разгледува неговото барање.

Во овој момент нема детали кои се аргументите на Кичеец, кој е осуден за случајот Рекет, на кои тој се повикува дека треба да му се одложи казната, кој изнесува три години затвор. Или всушност, тој би требало да одлежи уште една и половина година, бидејќи другиот дека веќе го одлежа во притворското одделение во Шутка.

Директорот на Затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Есад Рахиќ, пак, за Канал 5 изјавил дека Горан Милески-Кичеец се уште не влегол во затворот, каде што требаше да се јави на издржување на затворската казна.

Неговиот упатен акт од Основниот кривичен суд во Скопје беше со вчерашен датум, односно 12 октомври.

ОТФРЛЕНА Е ТУЖБАТА НА РУСКОВСКА ПРОТИВ ВМРО-ДПМНЕ

Судот го одби тужбеното барање на јавната обвинителка за корупција и организиран криминал Вилма Рускоска против ВМРО-ДПМНЕ за „црната кампања“ против неа во рекламните спотови на најголемата опозициска партија во предизборната кампања.

- Ќе видиме каково ќе биде образложението. Според нас исполнети се услови за клевета. Сваровски судијата од тевтерчето не може да пресуди против тие што го избрале и се уште го држат за уши, беше кусиот коментар на адвокатот на Рускоска, Панче Ефтимов.

Рускоска бараше 10.000 евра отштета, а најави дека доколку ги добие, парите ќе ги донира за СОС Детско село.

ЗАРАЗЕНА СО КОРОНАВИРУСОТ Е И ПРАТЕНИЧКА ОД ВМРО - ДПМНЕ

Трет случај на коронавирус е регистриран во македонското Собрание. 

Пратеничката Јадранка Поцкова од ВМРО-ДПМНЕ е позитивна на коронавирус. 

Деновиве се заразени пратениците Исмаил Јахоски од ДУИ и Лазе Таневски од СДСМ.

Пратеничките групи не постигнаа согласност за прекин на работата со физичко присуство, па дебатата на координаторите на групите продолжува кај спикерто Талат Џафери и следниве денови.

ВМРО-ДПМНЕ не ја прифаќа идејата пратениците да работат од дома, онлајн додека трае пандемијата, сметајќи го тоа како неуставно.

ЌЕ СЕ ИСТРАЖУВА „ЕРАЗМУС +“

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски на социјалните мрежи информираше дека надлежните институции почнаа со проверка на случајот за доделувањето финансиски средства од ЕУ преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. 

Тој е во постојана комуникација со институциите и најави дека случајот целосно ќе се истражи и расчисти.

„Истрагите не ја исклучуваат и политичката одговорност, ако за тоа има основа. Како член на Владата одговорен за спроведување на етичкиот кодекс, активно го следам развојот на настаните и ќе ја известам јавноста за секоја понатамошна релевантна информација“, наведува Николовски.

ЗА 24 ЧАСА ИМА НОВИ 80 ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 680 тестирања, а регистрирани се 80 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-54, Куманово-1, Тетово-3, Велес-4, Кавадарци-2, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Кочани-3, Виница-2, Делчево-1 и Свети Николе-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од: Скопје-44, Куманово-5, Прилеп-7, Тетово-3, Битола-2, Кавадарци-1, Гостивар-3, Гевгелија-3, Струмица-6, Крива Паланка-1, Кочани-7, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-3, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1.

Во болнички услови починати се 3 лица, пациенти од Скопје (48г), Струга (78г) и Струмица (68г). 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Неколку илјади работници од соседна Албанија веќе две недели работат во овоштарниците во Преспа и Ресен.

Продолжениот празничен викенд дел од граѓаните го искористија за уживање во туристичките центри во земјава. И тоа не е воопшто грев, бидејќи македонските хотелиери и угостители треба да ги надополнат изгубените месеци кога воопшто не работеа, а граѓаните кои со месеци наназад не успеаја да ги искористат одморите надвор од земјава, да се релаксираат во последните сончеви и топли денови и да ги „наполнат батериите“ за следните работни предизвици.

Успеаја ли граѓаните да потршат 170 милиони евра во изминатите три дена кои во Македонија всушност беа продолжен „Викенд без ДДВ“. 

Лента со натпис „Привремена забрана за вршење на дејноста“, заверена со печат на инспекциската служба, потпис на инспекторот и дата на поставување ќе се запечатува на угостителските објекти и производните капацитети, според предлогот за законските измени за заштита на населението од заразни болести, кој веќе е доставен до Собранието и ќе се носи по скратена постапка.

Корона вирусот допре до секој агол на државата, но општина Чаир беше една од општините која за многу краток период стана жариште на заразата, сето тоа поради густината на населението што живее во овој дел на Скопје.

Откако Софија притиска со можна блоклада на преговорите на Македонија, Стојко Стојков, копретседател на партијата на Македониците во Бугарија, ОМО Илинден - Пирин  вели дека источниот сосед сака да ја уцени Македонија.

Слично

Поврзани вести