ФАКТОР НА ДЕНОТ: Возачките дозволи со Република Македонија ќе важат до 31 декември
ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ СО СТАРОТО ИМЕ НА ДРЖАВАТА ЌЕ ВАЖАТ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА
Возачките дозволи ќе важат до крајот на годината.
Собранието по скратена постапка попладнево ги донесе законските измени според кои крајниот рок за замена на возачките дозволи со ознака „Република Македонија“ ќе биде до крајот на годината односно 31 декември 2024.
ЗА гласаа 90 пратеници. Дел од пратениците реагираа дека за требало да се мисли порано.НОВИ МИНИСТРИ ЗА ЗДРАВСТВО И ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО
Собранието ги избра Илир Демири и Наим Бајрами за министри за здравство и за информатичко општество и администрација.
Tие доаѓаат на местото на нивните сопартијци Фатмир Меџити и Азир Алиу кои во петокот беа разрешени на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери, поради раскол во партијата Алијанса за Албанците во однос на настапот на изборите.
Двајцата се избрани со 63 гласа „за“, ниту еден против и воздржан. По изборот, тие дадоа свечени изјави.НА ПОТЕГ Е ОЈО ЗА ДОКУМЕНТИТЕ
Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ се огласи на фејсбук во врска со неважечките документи кои им создаваат проблеми на граѓаните.
„Одговорност мора да има од едноставна причина што во изминатите пет години при издавањето на лични документи со стариот формат надлежниот орган на управата не превземал ниту едно дејствие со цел навремено известување на граѓанинот дека рокот на важност на стариот формат истекува на 12.02.2024 година.
КАТИЦА ЈАНЕВА СЕ ВРАБОТИ
Катица Јанева, поранешната специјална обвинителка, која ја издржува казната затвор, на социјалната мрежа Фејсбук објави дека се вработила во адвокатската канцеларија на нејзиниот син Лазар Јанев.
Како што јавноста памети, своевремено Лазар Јанев беше вработен како менаџер во поранешната телевизија 1ТВ на Борјан Јовановски или Боки 13.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Нови задолжувања се случуваат на домашниот пазар, а во игра влегува и петгодишна државна обврзница.
