Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Жестоки борби во Израел, над 100 наши граѓани сакаат да се вратат дома

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Жестоки борби во Израел, над 100 наши граѓани сакаат да се вратат дома

НАД 100 МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ САКААТ ДА СЕ ЕВАКУИРААТ ОД ИЗРАЕЛ

Oд Министерството за надворешни работи (МНР) велат дека безбедносната состојба во Израел, сѐ уште останува сложена. Состојбата во и околу Тел Авив, како и поголемите градови во Израел и делот на Западниот брег иако без воени операции останува напната. Меѓународниот аеродром во Тел Авив е во целосна функција и од таму сѐ уште оперираат редовните комерцијални летови, како и посебните чартер летови; но бројни авио компании низ светот во најголем дел ги одложија редовните линии со што редовниот авио превоз е отежнат. 

„Преку различните транспортни канали, во текот на вчерашниот ден 20 наши државјани го напуштија Израел, додека бројката на пријавени граѓани кои сакаат да заминат надмина 100. Во овој момент поголемиот дел од овие граѓани се наоѓаат на локации кои се сметаат за безбедни, а околу дваесетмина од нив, веќе имаат обезбедено билети за некои од комерцијалните редовни или чартер летови кои се на располагање.

САШКО ЈОВЕВ СИ ГО КАЖА СТАВОТ ЗА ВИДЕАТА КОИ СЕ ПОЈАВИЈА ВО ЈАВНОСТ

Професор доктор Сашко Јовев се огласи откако до медиумите стигнаа видеа во кои се тврди дека тој е насилник. Тој објасни за што станува збор во изјава за Фактор. 

„Ова е сосема фингирано видео против мене, што го пуштаат намерно, се води една хајка, за да си одам од клиниката. Со директорот немам никаков физички контакт, на видеото се гледа. Она што се гледа како буткање, тоа е со мојот физиотерапевт, долгогодишен пријател Роберт Велчески. На сестрата и кажував „зошто не доаѓаш во амбуланта“. Едноставно им забрануваат кога прегледувам во амбуланта да дојде сестра, да дојде физиотерапевт, за да се извршат прегледите како што треба“, вели Јовев за Фактор. 

ИЗРАЕЛ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ НАНЕСЕ ТЕЖОК ПОРАЗ НА ХАМАС

Милитантите од Хамас не сакаат преговори со Израел, а израелските власти се заканија со одмазда. 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ова е само почеток на она што Хамас ќе го искуси како казна за саботниот изненадувачки напад на земјата, по кој бројот на жртвите расте. 

„Она што Хамас ќе го искуси ќе биде тешко и ужасно. Ова е само почеток. Ќе ги поразиме со огромна сила. Нашиот одговор ќе го промени Блискиот Исток“, изјави Нетанјаху при посетата на јужен Израел.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Измените и дополнувањата на законите со кои се регулираше задолжително одење во пензија со наполнети 64 години, односно 62, и стаж од 15 години со краен рок до 30 јуни 2022, довело до рекорден број на нови редовни пензионирања изминатата година, покажува завршната сметка на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

И покрај тоа што македонските граѓани се жалат на лошата материјална состојба, сепак многу семејства фрлаат храна. Но, храната можеме порационално да ја користиме.

Последната одлука за зголемување на основната каматна стапка на Народна банка ја искачи каматата на рекордни 6,30 отсто. Повторното затегнување на монетарната политика помина тивко, но фактот дека сега благајничките запии се упишуваат со камата од 6,30 отсто нема да остане незабележана во економијата.

Факт е дека компаниите преку своите политики за општествена одговорност можат сериозно да придонесат во развојот и унапредувањето на локалните заедници, но некогаш за да се случи некаква промена не се доволни само класичните спонзорства, туку и многу љубов и сериозна посветеност. 

Слично

Поврзани вести