ФАКТОР НА ДЕНОТ: Жена почина откако со семејството јаделе пита со праз, имало забранет пестицид
ЖЕНА ПОЧИНА ОТКАКО СЕ ЗАТРУЛЕ СО ХРАНА
Почина 47-годишна жена од Скопје која заедно со својот сопруг и со своите блиски роднини јадела домашна пита.
Жената починала денеска, а двете лица се во лоша здравствена состојба, од кој едниот е сѐ уште во кома на КАРИЛ.
Блиски роднини на семејството за Алфа брифираат дека питата ја правела бабата со два вида брашно и со праз.
Од Токсикологија велат дека се работи за труење со „метомил“ пестицид, но засега е непознато како отровот завршил во јадењето.ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ПРАШУВА КАДЕ СЕ ПАРИТЕ ДАДЕНИ ЗА РЕФОРМИ
Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп повторно побара од власта да каже „каде се парите дадени за реформи од странските подржувачи?“. Во јуни холандскиот дипломат го привлече вниманието на јавноста со реторичкото прашање: „Каде се милијардите што ги дадовме?“.
Ова Коп го нагласи во контекст на тоа дека Македонија не треба да ја бара одговорноста во ЕУ што се уште не е членка, туку дека треба да тргне од себе за да може да ги исполни критериумите што се бараат.МОЖНО Е ИЗРАЕЛ ДА ПОЧНЕ СО КОПНЕНА ОФАНЗИВА НА ГАЗА
Шефот на безбедносните сили на Хамас, Џехад Мхајсен е убиен во Газа, пренесе Би-Би-Си. Информацијата ја потврдија и медиумите блиски до палестинската милитантна група.
Загинале и членови на семејството на Џехад Мхајсен. Вдовицата на ко-основачот на Хамас, Абдел Азиз ал-Рантиси наводно е убиена во текот на изминатата ноќ.
Тие се последните високи членови на Хамас кои загинаа во она што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го опиша како „долга војна што неговата земја ја води против Хамас“.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
foto freepik.com
